Нашето училиште со голема радост ве поканува на Хуманитарен Велигденски хепенинг кој ќе се одржи на:
17.04.2025 (четврток)
Училишниот двор
Почеток: 12:30 часот
На овој настан ќе имате можност да купите уникатни велигденски изработки, направени со многу љубов и креативност од страна на нашите ученици и вработени
Сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.
Со мал гест можеме да направиме голема промена!
Ајде заедно да покажеме хуманост, солидарност и љубов кон ближните!
Ве очекуваме со отворени срца!
ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште