Денес, во рамките на прославата на Патрониот празник на нашето училиште, организирани беа различни спортски активности и игри во кои учествуваа ученици од различни возрасти.
Учениците се натпреваруваа во пинг понг, футсал и влечење со јаже, а исто така беа реализирани и други спортски активности како кошарка, фудбал и штафетни трки.
Со овие активности, целта беше да се поттикне тимската работа, здравиот начин на живот и да се создаде атмосфера на забавна и пријателска конкуренција меѓу учениците од нашето училиште, како и од ПОУ с. Виничани.
Вашиот ентузијазам и тимски дух се вистински пример за сите нас.




















ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште