Во чест на Патрониот празник на нашето училиште, денес се одржа историска работилница посветена на животот и делото на Даме Груев, еден од најзначајните револуционери во борбата за слобода на Р.С.Македонија.
Учениците изготвија презентација која го осветли животот, делото и наследството на Даме Груев.
Работилницата беше одлична можност за учениците да научат повеќе за оваа значајна историска личност и да се потсетат на важноста на слободата и историското наследство.
Благодарност до сите ученици и наставници кои со голем ентузијазам учествуваа во оваа активност и ја продолжуваат традицијата на почитување на нашите херои!







ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште