МИСИЈА И ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Целта на воспитно-образовната дејност на ова училиште и подрачните паралелки е да овозможи оптимален развој на учениците од ова училиште преку стекнување на основни знаења за природата, општеството и за човекот, развивање на интелектуалните и на други способности за примена на стекнатите знаења и умеења во секојдневниот живот и работата при натамошното образование. Мисијата ја претставува целта на постоење на нашата организација. Таа е опис на тоа што го работи нашето училиште. Во неа се содржани вредностите, верувањата, очекувањата, потребите, интересите, како на клиентите и пошироката општествена средина, така и на вработените. Освен тоа таа ја одразува реалната и фокусирана цел на своето сопствено постоење, односно зошто е формирана и како делува
Задачите на воспитно-образовната дејност на училиштето се:
- На учениците да им се овозможи стекнување на основни знаења, умеења и вештини од природните, општествените и други наставно – научни дисциплини и уметнички подрачја на човековото умеење и творење.
- Да воспитува во духот на човечките права и на другите демократски вредности што се потврдени и докажани во современиот свет.
- Да развива љубов и почит кон својата татковина, кон нејзините духовни и материјални богатства како и кон постигнувањата и вредностите на другите земји и народи во светот.
- Да го поттикнува и постојано да го развива когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците.
- Да развива истражувачки дух кај учениците и да го збогатува интересот за стекнување нови знаења и способности за учење.
- Да создава умеење и навики за здрав начин на живеење,правилен психо-физички развој и заштита на животната средина.
- Да овозможува успешно завршување на основното образование и напредување на учениците во повисоките степени на образованието.
Мисијата на училиштето
Сакаме да се направи учењето на јазици достапно, изводливо и можно. Сите сме со желба да помогнеме на луѓето да се поврзат со подобро меѓусебно разбирање и запознавање. Запознавањето на другите култури започнува со јазикот а разбирањето на другите култури и обичаи води кон подобар свет.
Визијата на училиштето
Сакаме и се стремиме нашето училиште да биде здрава и безбедна воспитно образовна средина која ќе ги мотивира учениците да доаѓаат, творат, работат и учат со задоволство, почитувајќи ги мултикултурните и меѓуетничките сличности и разлики, а при тоа наставата ќе биде ефективна, ефикасна и современа и преку истата ќе можат стекнатите знаења, умеења и вештини да ги применуваат во секојдневниот живот.
Мото на училиштето
СЕ ОБРАЗУВАМЕ , СЕ НАГРАДУВАМЕ , ЕКОЛОШКИ ДЕЛУВАМЕ И МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА НЕГУВАМЕ
СЛОГАНИ |
Ø Во училиште учам да пишувам и читам.
Ø Во училиште се образувам.
Ø Во училиште другарувам.
Ø Детето милувај го со срце а не со лице
Ø Она што го учеле другите,ќе го учам и јас
Ø Светот на науката не знае за граница.
Ø Постојам, учам, творам, работам, почитувам – ЖИВЕАМ !
Ø Во училиште се воспитувам.
Ø Во училиште културно се издигнувам.
Ø И малите луѓе се спремни за големи дела.
Ø Книгата е извор на сите мудрости во животот.
Ø Истрајната работа победува се. Ø Почитувај за да ТЕ ПОЧИТУВААТ