Дома / Новости / Одбележување на Денот на бошњаците 28ми септември

Одбележување на Денот на бошњаците 28ми септември

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, денес 29.9.2021 година (среда) во подрачното училиште ООУ ,,Даме Груев “ Градско, се реализираа активности за одбележување на овој празник. Како значаен дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, членовите на СИТ – Милка Петкова, Минела Фиуљанин, Сашко Арсовски и Трајана Дукова заедно со одделенската наставничка во с. Водоврати –Весна Иванова.

Во рамки на македонскиот модел на соживот, Република Северна Македонија ја почитува и ја прифаќа Бошњачката заедница со сите нејзини посебности и специфики како нераздeлив дел, при што суштината на нашиот модел е сфаќањето дека другите култури и религии не се закана за нечиј идентитет, туку потенцијален извор на негово збогатување. Затоа, ние ја почитуваме и ја прифаќаме различноста. А почитувањето и прифаќањето се темелат врз меѓусебната доверба.

Денес ученците од II, III, IV и V одделение и ученици од VI-IX одделение од Централното основно училиште учествуваа во сет активности за одбележување на овој празник.

По отварањето на настанот на традиционален бошњачки начин со послужување на присутните гости со бонбони од страна на две ученички облечени во традиционални босански носии и обраќањето на Директорката Ленче Стојанова, ученичката Ана Коцева од VII одделение прочита реферат за историјата и значењето на Денот на бошњаците.

Потоа следеа спортски активности со ученици од мешан етнички состав, под менторство на наставникот по физичко и здравствено образование, Сашко Радевски.

Паралелно на ова, група ученици од одделенска и предметна настава со мешан етнички состав работеа на изработка на мозаик на знамето на Босна и Херцеговина, под менторство на одделенските наставници Трајана Дукова и Весна Иванова.

Завршната активност на оваа манифестација се состоеше од сите присутни ученици вклучени во детската друштвена игра ,,Пајакова мрежа” чијашто цел беше запознавање на учениците со нивно претставување и искажување на нивната најголема желба.

Овој настан беше посетен од родителите на учениците од село Водоврати, членовите на СИТ и стручната служба на ООУ ,,Даме Груев” Градско.

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Хуманоста пред сè!

Учениците од нашето училиште кои се членови во Драмската секција на ден 21.3.2024 година во …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *