Дома / Вања Јовановска (страна 4)

Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

На ден 17.02 се одржа општинскиот натпревар по Географија

Од деветто одделение учество земаа учениците Матеј Колев, Борче Пановски и Надја Лазова. Од осмо одделение учество земаа учениците Стефан Крстев, Леон Кавазов. Сите ученици продолжуваат понатаму на Регионалниот натпревар. Им посакуваме честитки и многу успех на нашите ученици

Повеќе

ООУ “Даме Груев” распишува литературен и ликовен конкурс по повод празникот на жената 8ми Март

Учество можат да земат сите ученици од прво до деветто одделение Творбите да се достават најдоцна до 4 март во просториите на стручната служба Ве очекуваме Темата во прилог

Повеќе

На ден 16.02 во нашето училиште се одржа онлајн општински натпревар по биологија

На натпреварот учествуваа учениците од 7 одделение Александар Пановски, од 9 одделение Матеј Колев, Давид Трајковски, Андреј Петровски, Ана Коцева, Габриела Маркова, Надја Лазова и сите успешно продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 16.03.2024 год. Честитки ученици ви посакуваме многу успех понатаму

Повеќе

Активности на Ученичкиот парламент

Согласно Годишната програма за работа на Ученичкиот парламент, ученичкиот правобранител Андреј Петровски изработи презентација на тема “Врсничко насилство” и истата ја презентираше пред учениците членови. Училиштето е место каде учениците треба да се чувствуваат безбедни и заштитени. Тоа е заедница каде треба да владее љубов, топла меѓучовечка комуникација и грижа …

Повеќе

На ден 09.2.2024 год во нашето училиште, се одржа општинскиот натпревар по физика

На ден 09.2.2024 год во нашето училиште, се одржа општинскиот натпревар по физика. Учениците Андреј Петровски и Матеј Колев освоија бодови со кои се пласираат на регоналниот натпревар кој ќе да се одржи на 06.4.2024 година. Честитки ученици, ви посакуваме многу успех на регионалниот натпревар.

Повеќе

Општински натпревар по МАТЕМАТИКА

На ден 02.02.2024 година во ООУ „Даме Груев “-Градско се одржа Општински натпревар по МАТЕМАТИКА. За на регионален натпревар се пласираа следниве ученици: Стефани Арсова Матеј Будимов Емин Тутиќ Моника Митева Александар Пановски Ана Коцева Матеј Колев Андреј Петровски Честитки за учениците и нивните ментори, им посакуваме многу успех на …

Повеќе

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. Дел од таа свеченост беа и ученици од нашето училиште кои беа наградени со следните награди: Прва награда за литературниот конкурс на тема :”Читањето е сонување со отворени очи” – награден ученик е Давид Трајковски …

Повеќе