Дома / Новости / ПРВАЧИЊА СРЕЌНО!

ПРВАЧИЊА СРЕЌНО!

Насмевки, многу радост и желба за другарување, можеше да се забележи на лицето на секое детенце денес.

Во училишните клупи се создаваат најубавите спомени од детството, најдобриот другар или другарка, првата вистинска 5-ка, како и многу други спомени кои остануваат за цел живот.

На нашите првачиња им посакуваме среќа и многу успех во учењето. Им посакуваме да бидат посветени ученици и да го даваат својот максимум, бидејќи само така ќе ги рушат сите бариери низ животот и ќе имаат перспектива за нови остварувања и успеси.

Првачиња вие сте наша радост!

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Рекреација, забава, дружење и детски насмевки, денес на Еднодневениот излет во манастир Св.Ѓорѓија, Неготино

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *