Под мотото ,,Заедно го прославуваме Европскиот ден на јазиците”, денес 28 септември 2021 година, учениците од VII, VIII и IX одделение од нашето училиште заеднички го одбележаа Европскиот ден на јазиците 2021: ,,20 години славејќи јазична и културна разновидност” под менторство на наставничката по англиски јазик Милка Петкова.
Низ цела Европа, 800 милиони Европејци застапени во 47 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.
Идејата е да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26ти септември – заедно со Европската комисија.