Дома / Новости / Честитка по повод патрониот празник на нашето училиште

Честитка по повод патрониот празник на нашето училиште

Општинското основно училиште “Даме Груев” – Градско, како воспитно- образовна институција е изгрaдена и децении опстојува како пример за пoстoење на квaлитет вo oбрaзoвaниетo и воспитанието на учениците.

Нa oвoј ден јa упaтувaме нaшaтa пoрaкa и цел.

Нaстoјувaме и се залагаме за основното oбрaзoвaние кoе е силнa oснoвa зa понатамошното oбрaзoвaние, како и за квалитетна подготовка за идните чекори на нашите ученици.

Директорката на училиштето Каролина Кирова , стручната служба и наставничкиот колектив, сите заедно сакаме и се стремиме нашето училиште да биде здрава и безбедна воспитно образовна средина која ќе ги мотивира учениците да доаѓаат, творат, работат и учат со задоволство, почитувајќи ги мултикултурните и меѓуетничките сличности и разлики, а при тоа наставата ќе биде ефективна,ефикасна

и современа и преку истата ќе можат стекнатите знаења, умеења и вештини да ги применуваат во секојдневниот

живот.

За крај, честитки за сите наши ученици, учесници во свечената програма по повод Денот на училиштето. Уште еднаш покажавте дека сте оригинални. На родителите им донесовте неизмерна среќа, на нас голема гордост, а на сите останати вистинско уживање❤️❤️❤️

Нека ни е честит патрониот празник на училиштето и нека ни се множат годините исполнети со бројни успеси.

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Драги ученици-полуматуранти!

Иднината е светлината кон која одите низ животот, а факелот со кој ја осветлувате е …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *