Дома / Новости (страна 25)

Новости

Одбележување на Меѓународниот ден на Бошњаците!

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците 28.9.2023 година (четврток), денес во подрачното училиште во с.Водоврати ООУ “Даме Груев” Градско, се реализираа низа активности за одбележување на овој празник! ООУ “Даме Груев” упатува честитка до сите припадници на бошњачката заедница!

Повеќе

На сите наши ученици од бошњачка националност им го честитаме 28 Септември, Меѓународниот ден на бошњаците, им посакуваме добро здравје, успех и благосостојба

На сите наши ученици од бошњачка националност им го честитаме 28 Септември, Меѓународниот ден на бошњаците, им посакуваме добро здравје, успех и благосостојба

Повеќе

Партнер на проектот “ЕКО-ПРИЈАТЕЛИ”Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови во знак на добра соработка на нашето училиште го подари ова срце, кое ќе ни служи за рециклирање на пластични капачиња

Партнер на проектот “ЕКО-ПРИЈАТЕЛИ”Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови денес во знак на добра соработка на нашето училиште го подари ова срце, кое ќе ни служи за рециклирање на пластични капачиња. Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови и ООУ „Даме Груев“ – Градско ќе …

Повеќе

Недела на спортот

Со цел поттикнување на младите повеќе да спортуваат и да се рекреираат, и да се практикуваат здравите начини на живот, се реализираа низа спортски активности во знак на одбележување на Европската недела на спортот.

Повеќе

Донација од спортски реквизити за активно учество во Проектот – Забавен училишен спорт при ФУСМ

Донација од спортски реквизити за активно учество во Проектот – Забавен училишен спорт при ФУСМ. Донацијата ја додели координаторот за источен регион на комисијата за Забавен училишен спорт, проф. Жарко Климкаров, а ја примија наставниците кои го реализираат овој проект.

Повеќе

Прием на првачиња

На нашите првачиња им посакуваме среќен почеток и уште посреќни училишни денови. Ви посакуваме да сте здрави, многу среќни, да бидете вредни, искрени и исполнителни бидејќи тоа е клучот до успехот. Наполнете ги ранчињата со многу, многу нови знаења ПРВАЧИЊА СРЕЌНО

Повеќе

Дводневна обука на наставниот кадар на тема „Учење преку истражување, работа на проекти и решавање на проблеми“.

Професионалниот развој на наставниот кадар е многу важен за унапредување на целокупниот воспитно – образовен процес. На ден 21.06.2023г. и 22.06.2023г. , проследена е дводневна обука „Учење преку истражување, работа на проекти и решавање на проблеми“. Обуката е организирана од страна на Академија Ц.Е.С. (Прва академија за образование на возрасни), …

Повеќе