Денес, 20.12.2021 ( понеделник) по повод одбележување на Партониот празник на ООУ ,,Даме Груев” , учениците од ПОУ с. Кочилари од II-V одделение и дел од учениците од II-V при ЦОУ Градско, ја започнаа оваа седмица во духот на мултикултурализмот и неговото негување во нашето училиште. Под менторство на одделенските наставници, а со помош на присутни членови на СИТ, родител и претставник од локалната самоуправа денес се одржаа две мултикултурни активности во кои учество зедоа самите ученици. Во мешан етнички состав, учениците меѓусебно се запознаа и започнаа да изработуваат честитки и новогодишни украси заедно со своите наставници. Учениците беа поделени во 4 групи и тие меѓусебно си помагаа и заеднички ги комбинираа материјалите за изработка на честитките и украсите. Во престој на новогодишните празници и нашиот патронен празник, нашите ученици декорираа и поклони, користејќи украсна хартија, панделки и хартиени снегулки.
Втората работилница се реализираше со пишување на новогодишни пораки на македонски, албански, бошњачки и англиски јазик. Сите овие пораки беа запишани во форма на мали лампиони, кои како заеднички украс беа поставени на новогодишната мултикултурна елка.
Времетраењето на двете активности е 2 часа.
Во прилог слики