ООУ „Даме Груев“ објавува Повик за избор на ученички правобранител и заменик на ученички правобранител.
Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на
детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 27.10.2021
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните
критериуми:
– пол,
– возраст,
– основно познавање на детските права,
– мотивација за пријавувањето,
– комуникациски и организациски способности,
– етничка припадност,
– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.
IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:
• учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на
педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
• промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
• прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и
обезбедување заштита за почитување на детските права);
• редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).