Наставни цели: Ученикот/ученичката: -Да се оспособува за воочување на редоследот на настаните во даден текст -Да се усоврши за изразно читање на даден текст; -Да прераскажува содржина од обработен текст; -Оспособување и поттикнување на создавање на бура на идеи околу дадена тема -Да се поттикнат за критичко мислење -Повторување и правилно определување на род и број кај именките. План за работа: Наслов: Излет во природа Време: пролет Место: во природа Гл. личности: Ученици Писател.Франце Бевк 1.Пролет е најдобро годишно време за излет во природа. 2.Многу излетници прават неред и ја загадуваат природата со отпадоци 3.Дивјачко однесување и злосторство се лоши постапки кои околината ги осудудува. 4. Постојат видови растенија кои се заштитени со закон и за нив следуваат соодветни казни. Преку техниката „Бура на идеи“ учениците користат разни именки кои ги асоцираат на излет, а кои подоцна ќе ги селектираат во табела и ќе го одредат родот и бројот на именката. Преку техниката Sвезда, учениците го определуваат времето и местото и главни ликови и нивни карактеристики. Учениците да раскажат кој им е најомилен, а кој најнеомилен дел во расказот. Дали имало проблем и како се решил проблемот. На крај поука од изучениот текст. |
Дома / Е-НАСТАВА / 3 - ТО ОДДЕЛЕНИЕ / МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА 3 ТО ОДД. / 14.04.2020 Текст ,, Излет во природа,, стр. 188, 189 “,