Да наброиме некои материјали кои ги сретнуваме во секојдневниот живот. Цигари,средства за чистење, таблети, кактус, шприц, банкноти, оштетен приклучок за ел. енергија, пакување смоки, парче стакло, рѓосана шајка, петарди, отров за глувци, средства за прскање.
Да споменеме какви опсаности можат да предизвикаат.
1.Цигарите знаеме дека се штетни по човековото здравје, го загадуваат воздухот, децата не смеат да си играат со цигари.
2.Средствата за чистење содржат хемикалии кои можат да бидат многу опасни кога ке дојдат во допир со очите. Децата не смеат да ракуваат со средствата за чистење без присуство на одговорен возрасен.
3.Ножот, остри алати, скалпел, пили доколку несоодветно се користат можат да бидат многу опсани и да настанат сериозни повреди. Децата можат да користат детски ножици со заоблени врвови.
4.Некои видови кактуси можат да бидат опасни доколку се набодиме од нив бидејчи тешко се отстрануваат боцките. Некои видови растенија, семки, плодови кои растат по парковите и полето за кои не му го знаеме точното потекло не се јадат. Тие можат да бидат отровни како што има некои видови печурки, или непријатни за допир како што е копривата.Копривата е многу корисна за здравјето, но не е пријатна за допир. Постојат инсекти и животни кои е најдобро да не се задеваат како што се осите, пчелите, стршлени, улични кучиња, мачки и сл.и најдобро е да не се допираат.
5.Парите можат да бидат валкани,заразени, не знаеме чии се. Сопственикот може насилно да изреагира ,може да настане насилна ситуација доколку повеќе луѓе ги забележат.
6.Таблетите можат да бидат опасни , не треба ни да се игра со нив.Многу лекарства изгледаат слично, но имаат различни својства. Децта не смеат да допираат таблети. Никако не се допираат лекарства најдени на улица или двор. Секогаш треба де се извести одговорен возрасен, ниту бонбони кои потсетуваат на таблети.
7.Штекерите, прекинувачи, кабли кои висат можат да бидат опасни и не треба да се допираат туку се известува возрасен.
8.Храна на отворено не смее да се јаде како смоки, чоколадо, бидејќи не знаеме чија е, каква е , дали е расипана, заразена, или затруена.
9.Скршено стакло во двор, или улица може да биде опасно бидејќи има многу остри рабови и може да предизвика сериозни повреди.
10.Рѓосана шајка може да биде многу опасна доколку дојде по повреда, бидејќи со повреда од рѓосан предмет може да настане труење кое е многу опасно. Исто важи и за други метални рѓосани предмети штрафови, ножеви, пили, огради, метални делови од автомобил.
11.Петардите се исто така опасни. Покрај тоа што можат да исплашат некого тие можат да доведат до сериозни повреди на тој што ги користи, или на некој минувач. Законот забранува децата да ракуваат со петарди.
12.Отров за глувци, некои средства за прскање растенија против штетници најчесто се многу отровни и децата не смеат да допираат.