Народните песни се дел од музичкиот фолклор. Тие се тесно поврзани со животот на луѓето, нивните обичаи, празници и празнувања. Преку нив се искажани различни чувства и желби. Опеани се маките и страдањата на народот низ векови, љубовта кон татковината и своите најблиски, разни случувања додека работеле, нивните обичаи и традиција. Но, често пати ја изразувале и својата шегобијност. Народните песни според содржината се поделени на: семејни, љубовни, шегобијни, трудови, револуционерни, обичајни, обредни.
-Семејни народни песни- се пее за животот на семејството и односите почеѓу членовите во семејството.Пр. „Сестра кани брата на вечера“
-Љубовни народни песни- мотивите се различни, а најчесто за љубовта помеѓу момче и девојче, нивната прва средба како и за пречките на кои наидуваат во љубовта.,,Назад, назад Калино моме,,
-Шегобијни песни.Најчесто се пееле на седеннки. на шегобиен начин се опишува некој настан или личности,,Куќа имам на Пелистер,,
-Револуционерни народни песни.Можат да бидат ајдучки, комитски или партизански. Се опеани борбите за слобода, и славните јунаци,,Послушајте партиоти,,
-Трудовите песни народот ги пеел додека ги обавувал земјоделските и сточарските работи, но и кога одел на печалба. Тие можат да бидат овчарски,печалбарски, жетварски, аргатски.,,Туѓината пуста да остане,,
-Обрадните песни ги опишуваат празниците и празнувањата кај различните културни заедници.Тие можат да бидат:коледарски,ѓурѓовденски,велигденски,лазарски,,Ој Лијарче,,
-Во обичајните народни песни се опеани обичаите на луѓето од различни краеви.свадбарски, здравици, тажачки.,,Врана коња јавам јас,,Песните можете да ги најдите на интернет.