Дома / Е-НАСТАВА / 5 - ТО ОДДЕЛЕНИЕ / МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА 5 ТО ОДД. / 01.06.2020г. Македонски Пипи долгиот чорап стр. 140.

01.06.2020г. Македонски Пипи долгиот чорап стр. 140.

Освен текстот во учебникот слушнете ги деловите од аудио лектирата ,,Пипи долгиот чорап,,. Можете да го најдете и филмот на интернет да го изгледате.

План за работа:

Наслов:Пипи долгиот чорап

Извадок од лектирата Пипи долгиот чорап

Писател:Астрид Линдгрен

Место: Во маалото на Пипи

Ликови: Пипи, Томи и Аника

Тема: Необичната Пипи

Белешка за писателот:

 Астрид Линдгрен ,(14 ноември 1907 година – 28 јануари 2002 година) била шведска писателка на фантастика и сценарија. Астрид Линдгрен работела на Уредувачкиот одбор за Детската литература во издавачката куќа Rabén & Sjögren во Стокхолм и напишала повеќе од 30 книги за деца.  Линдгрен имала продадено околу 165 милиони книги ширум светот

Го делиме текстот на пет целини и смислуваме наслови

1. Доселувањето на Пипи во  вилата Вилекула

2.Опис на изгледот на Пипи

3.Разговорот на Пипи со Аника и Томи

4.Мајмунчето и коњот живеат со Пипи

5.Пипи сама си го организира животот

За домашна работа одговорете на прашањата :

1.Како изгледа Пипи, што е необично во нејзиниот изглед?

2.Може ли деветгодишно девојче да живее само?

3.Во што би сакал да бидеш сличен со Пипи?

4.Што уште би сакал да знаеш за неа?

За Верица Манева

Наставник по одделенска настава.

Провери

02.06.2020г. Пипи долгиот чорап-2 час

Прераскажување на текстот Пипи долгиот чорап во тетратките. Прераскажете го на видео снимка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *