Дома / Новости / ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИК!

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИК!

ООУ „Даме Груев“ објавува повик за избор на ученички правобранител и заменик на ученичкиот правобранител.

Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.

Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба.

Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 01.11.2024година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните

критериуми:

– пол,

– возраст,

– основно познавање на детските права,

– мотивација за пријавувањето,

– комуникациски и организациски способности,

– етничка припадност,

– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.

ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:

• учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на

педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);

• промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;

• прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и

обезбедување заштита за почитување на детските права);

• редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Учениците од деветто одделение под менторство на наставничката Лидија Гајдова подготвија прекрасен час по предметот Иновации на тема “Поим и значење на претприемништвото”

Целта на часот е учениците да стекнат знаења и вештини од претприемништвото, кои подоцна ќе …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *