На ден 31.10.2023 година од страна полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од ПК-Градко во ООУ,,Даме Груев” во Градско на учениците од второ до деветто одделение им е одржана едукативна работилница на повеќе теми
,,Насилство во училиштата,,
,,Врсничко насилство со посебен акцент на Cyber bullying,, најкактеристична и најприсутна форма на насилство, како и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.
,,Безбеден во сообраќајот, безбедни пешаци”, со посебен акцент за безбедно доаѓање и заминување на учениците од училиштето.