Дома / Uncategorized / 5 ОКТОМВРИ- ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

5 ОКТОМВРИ- ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

Во текот на Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5 ОКТОМВРИ- ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ.

Има ли поблагородна професија во кое било општество од просветителството. Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата но воедно и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување. Да бидеш учител, значи да бидеш исправен пред големи предизвици, да бидеш столб во градењето на една индивидуа и креатор на една млада личност со изградени морални вредности, доблест, почит, самодоверба, искреност и толеранција.

Љубовта кон знаењето што учителот им ја пренесува на учениците е клучна кон патот на знаењето што нема граници… Се што ќе научите од учителот сите нови работи претставуваат безвременско задоволство и богатство што не може да ви биде одземено. Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот. Образованието не претставува подготовка за живот, самото образование е живот.

Нека е честит денот!

Среќен 5 Октомври -Светски ден на учителот!👩‍🏫

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Под мотото „Другарството е дел од детската среќа“ започнаа да се реализираат предвидените активности по повод Детската недела 2022 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.