Дома / Новости / УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРЕАТИВНИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛНАТА УМЕТНОСТ И ЛИТЕРАТУРАТА 2021

УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРЕАТИВНИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛНАТА УМЕТНОСТ И ЛИТЕРАТУРАТА 2021

ГИМНАЗИЈА АЛГОРИТАМ
распишува
НАГРАДЕН КОНКУРС
за изработка на креативно дело во следните области:
• Филм,
• Литература или
• Дигитална илустрација

Правила за пријавување:

  1. Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение од основните училишта
    во Република Северна Македонија;
  2. Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“;
  3. Изработеното дело може да има еден (1) автор;
  4. Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.
  5. Делата треба да бидат оригинални, да не ги прекршуваат начелата на
    авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;
    ФИЛМ
  6. Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фотоапарат;
  7. Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.
  8. Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го
    доставувате линкот.
    ЛИТЕРАТУРА
  9. Поетската творба треба да содржи најмалку 16, а најмногу 30 стихови; да биде
    напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со
    единечен (single) проред.
    ПСУ „Алгоритам центар“, Скопје
  10. Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници; да биде напишан со
    фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single)
    проред.
    ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА
  11. Дигиталната илустрација може да биде изработена во која било апликација за
    дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
  12. Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
  13. Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати
    крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)
    Краен рок:
    10 април 2021 година
    По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела од секоја
    категорија ќе бидат наградени, а точниот датум за доделување на наградите и
    пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.
    Изработеното дело да се достави до Гимназијата „Алгоритам“ на меил адресата
    pavlina@algoritam.mk , заедно со следните податоци:
    • Наслов на делото
    • Име и презиме на авторот
    • Адреса
    • Контакт телефонски број
    • Училиште
    • Возраст/одделение
    • Име и презиме на менторот
    • Контакт од менторот
    Лице за контакт:
    Проф. Павлина Бучевска
    pavlina@algoritam.mk
    тел. 076-339-428
    Линк до конкурсот:
    https://algoritam.mk/kreativen-festival-2021/

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Учениците од деветто одделение под менторство на наставничката Лидија Гајдова подготвија прекрасен час по предметот Иновации на тема “Поим и значење на претприемништвото”

Целта на часот е учениците да стекнат знаења и вештини од претприемништвото, кои подоцна ќе …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *