Дома / Новости / Конкурс за избор на ученик-првенец на генерација

Конкурс за избор на ученик-првенец на генерација

КОНКУРС

За избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2020/2021

Право на учество имаат ученици од деветто оделение кои ги исполнуваат следниве услови:

• Да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него.

• Да имаат континуиран одличен успех.

• Да имаат учествувано на училишни натпревари (интерни- училишни, општински, регионални, државни, меѓународни)

• Да имаат освоено награди, дипломи, признанија, благодарници.

• Активно да учествуваат во слободни ученички активности, во воннаставни активности, како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто

.Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај своите класни раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.

Потребните документи да се достават електронски на следниот е-mail damegruev.pps@yahoo.com или во просториите на педагошко-психолошката служба најдоцна до 09.06.2021 до 10 часот.Документите да содржат:

• Пријава до комисијата• Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.• Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите документи и според правилникот на училиштето за бодување, ќе состави кандидатска листа за избор на ученик-првенец на генерација.Наставничкиот Совет, на крајот од учебната година, ќе го прогласи ученикот-првенец на генерација.

Линк до пријава

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Драги ученици-полуматуранти!

Иднината е светлината кон која одите низ животот, а факелот со кој ја осветлувате е …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *