Активност за час 04.05 – 08.05
Цели на наставниот час – Да ја објаснува демократијата како процедура ,начин на мислење и постапување. Да се разбере врската меѓу изборите и демократските процеси во општеството.
Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“.
Во практика терминот демократија означува облик на владеење каде сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку праведен изборен процес.
Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и kratos – што значи власт.
За домашно одговорете на следниве прашања 1. Што се тоа политички партии? 2.Што се тоа политички движења? 3. Што се тоа здруженија на граѓани?
Со оглед дека немаме учебник по предметот Граѓанско образование за 9 одделение,за одговор на прашањата користете интернет,одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com