Дома / Новости / ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:

1. Да се државјани на Република Северна Македонија;

2. Да се редовни ученици во основното, односно средното образование

3. Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

I. Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:

– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

-средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател.

II. Потребни документи

👉Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата

👉Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели

👉Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија

👉 Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда

👉Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија

👉Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот

👉 Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.

III. Рок за пријавување

Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година.

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Хуманоста пред сè!

Учениците од нашето училиште кои се членови во Драмската секција на ден 21.3.2024 година во …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *