Дома / Новости / Театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”

Театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”

🗓8.6.2023(четврток)

⏰️17.30ч.

📍Амфитеатар во Градско

Ве очекуваме!

Театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот” е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!

Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.

Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни : Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска

Улогата на Волебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних.

Улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.

Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а истата е во продукција на приватниот театар Театар Хит-Скопје.

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *