Во нашето училиште успешно се спроведе симулациона вежба во случај на елементарна непогода земјотрес.
Целта на вежбата беше запознавање на учениците со мерките за евакуација во случај на земјотрес.
Запознавање со процедурите на евакуација и спроведувањето на планот за заштита и спасување, е дел од мерките за едукативно и превентивно делување во подготовка на степенот на безбедносни мерки и заштита на учениците и вработените во услови на непогода.











