Дома / Е-НАСТАВА / 8 - МО ОДДЕЛЕНИЕ / ИСТОРИЈА ЗА 8 МО ОДД. / Повторување за Положбата во Македонија по востанито и Македонија во времето на Младотурската револуција

Повторување за Положбата во Македонија по востанито и Македонија во времето на Младотурската револуција

Активности за периодот од: 27.04-01.05

Цели: учениците да знаат за 

–     Младотурското движење и Македонија

  • Учеството на македонците во револуцијата
  • Промената на политиката од страна на младотурците
  • Задушувањето и последиците од Илнаденското востание
  • Ставот на големите сили за Македонија
  • Дејствувањето на туѓите пропаганди во Македонија
Охридскиот комитет на Младотурската револуција
Мешана чета на МРО и Младотурци

 Според австроунгарскиот конзул: Сојузништвото на Сандански не може да се омаловажува зашто неговото влијание се протегнува врз целата област на Серскиот санџак и врз граничните макеоднски села во Драмскиот санџак . Затоа самите младотурци се стремеле да го придобијат Јане и неговата група за сопствените цели .

Манифест на Јане Сандански

Драги сотатковници,Толку долго очекуваниот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него востана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација наиде на радосен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот – роб стана господар. И неговата света пресуда е: Смрт на апсолутизмот! Смрт на угнетувачите! 

Бидејќи младотурската влада нам ни даде полна слобода на работа и на народен развиток, ние сме должни да се бориме против непријателите на слободна и нова Турција. Грците сакаат враќање на стариот режим во Турција. Со Кралството Бугарија веќе одамна раскрстивме и сите наши надежи за одржување на новата состојба на слобода и Уставот лежи единствено во денешна Турција 

Проглас на Јане Сандански до Македонскиот народ

За дома одговорете на следниве прашања

одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com

1. Какви беа последиците во Македонија по Илинденското востание ?

2. Што требаше да променат реформите во Македонија ?

3. Какви цели имаа вооружените пропаганди на балканските држави ?

4. Кои решенија беа донесени на Рилскиот конгрес на ТМОРО ?

5. Кои беа целите на Младотурската револуција ?

6. Каков беше односот на Македонците кон Младотурската револуција ?

7. Дали младотурците останале доследни на своите политички определби  ?

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Повторување за Македонија во балканските војни , Македонија во веремето на Младотурската револуција и Афирмација на националната мисла за создавање на Македонска држава

Активности за периодот од: 18.05-22.05 Цели: учениците да знаат за Учеството на македонците во Првата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.