Дома / Е-НАСТАВА / 8 - МО ОДДЕЛЕНИЕ / ИСТОРИЈА ЗА 8 МО ОДД. / Повторување за Македонија во Балканските војни

Повторување за Македонија во Балканските војни

Активности за периодот од: 04.05-08.05

Цели: учениците да знаат за 

  • Учеството на македонците во Првата и Втората балканска војна
  • Лондонскиот мировен договор и одлуките негови
  • Букурешкиот мировен договор и последиците за Македонија од истиот
  • Реакциите на македонската јавност од одлуките на букурешкиот мировен договор
Балканските војни

На 1 март 1913 година, претставниците на македонската колонија во ПетроградГеорги КонстантиновиќДимитрија ЧуповскиНаце Димов и Александар Везенков потпишале Меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика БританијаЕдвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со Меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност и за македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија оставиле да ја решат завојуваните балкански држави.

Според Карнегиевата анкетна комисија, формирана со цел да ги испита ѕверствата извршени во Македонија во време на Балканските војни, градовите ВоденНегушБерЕниџе Вардар биле претворени во урнатини. Во Солунското Поле нашле група од околу 10.000 луѓе во импровизирани настрешници што едвај го одржувале својот живот. Карнегиевата анкетна комисија според официјалните податоци на бугарската Влада, констатирала дека во Бугарија како последица на Балканските војни имало 111.560 бегалци од Македонија. Грчката влада регистрирала 156.659 бегалци, турската влада регистрирала 135.000 бегалци. Покрај тоа, Карнегиевата комисија забележала дека при повлекувањето турската војска изгорела 170 села во Македонија. Куќи и цели села ограбувале и изгорувале и сојузничките војски. Грчката војска во јуни 1913 година го изгорела градот Кукуш, во Серез запалила 4.000 куќи. Во Кукушката околија биле изгорени 39 македонски села. Слично било во Солун, во Струмица, во Горна Џумаја, во Вардарскиот дел на Македонија.

За домашно: одговорите на следниве прашања

1.Со  каква цел беше формиран балканскиот сојуз ?

2. Зошто Македонците земале активно учество во ба лканските војни?

3. Каде биле потпишани мировните  договори ?

4. Кои решенија беа донесени на букурешкиот мировен договор за Македонија  ?

5. Каква беше реакцијата  на македонската јавност на одлуките на Лондонскиот и Б укурешкиот мировен договор ?

Одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Повторување за Македонија во балканските војни , Македонија во веремето на Младотурската револуција и Афирмација на националната мисла за создавање на Македонска држава

Активности за периодот од: 18.05-22.05 Цели: учениците да знаат за Учеството на македонците во Првата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.