Активности за периодот од: 27.04-01.05
Цели за учениците:
- Отпорот што го пружале Македонците против римјаните
- Најголемото востание на Илирите против Римјаните
- Востанието на Хелените против Римјаните
Покорените балкански народи се бунтувале, пружале отпор и кревале востанија за да се ослободат од римската власт. За да ги држат во покорност, Римјаните предизвикувале нетрпеливост и кавги меѓу нив. Оттогаш останала поговорката „Раздели па владеј“
Македонците први кренале востание против Рим. Тие кренале востание под водството на Андриск, кој бил наречен „лажниот Филип“. За полесно да ги придобие луѓето, Андриск велел дека тој е Филип, синот на последниот македонски крал Персеј.

Прашања за домашно
1. Зошто Андриск се претставувал лажниот Филип ?
2. Во која година Римјаните ги победиле Македонските војски предводени од Андриск ?
3. Кој стоел на чело на најголемото востание на Илирите против Римската власт ?
4. Кој град станал центар на востанието на Хелените против Римската власт ?
Одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com