Дома / Новости / ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 3 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД

ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 3 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД

Врз основа на Годишната програма за работа на училиштето при ООУ ,,Даме Груев,, – Градско одговорниот наставник ја изготви следнава

ПРОГРАМА ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА  ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 3 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД.

 

РЕЛАЦИЈА:  ГРАДСКО  –  ТЕТОВО  –  БРВЕНИЦА  –  ГРАДСКО

 

ВОСПИТНО ОБРАЗОВНА ЦЕЛ:

  • Проширување на знаењата од претходно изучениот материјал
  • Совладување на одредени поими преку непосреден увид
  • Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, како и односи во природата и општествената средина
  • Разгледување на природни богатства, културно-историските знаменитости, земјоделските површини, индустриски капацитети

ЗАДАЧИ:

  • Развивање интерес за природата и градење еколошки навики
  • Запознавање на културата и начинот на живеење на луѓето во одредени краеви на Р. Македонија
  • Градење чувство на толеранција и соживот
  • Развивање позитивен однос кон: националните, културните и естетските вредности
  • Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции
  • Социјализација, колективна заштита, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе

СОДРЖИНИ И АКТИВНОСТИ:

  • Посета на градот Тетово тетовското кале и верскиот објект Шарена џамија
  • Посета на с. Брвеница
  • Посета по можност (доколку не примат) во фабриката Тетекс – Тетово

 

 

 

РАКОВОДИТЕЛ, НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ:

  • Раководител: Мара Аризанова
  • Наставници (одделенски раководители):
    • Мара Аризанова – 3 одд. – Градско
    • Ибро Фиуљанин – 3 одд. – Градско
    • Ивана Николова – 3 одд. Виничани
    • Садри Сезалари – 3 одд. Кочилари
    • Ханифија Фиуљанин – 3 одд. Водоврати
    • Невенка Николова – 3 одд. Ногаевци
    • родител
  • Ученици: од 3 одд.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:

  • Еднодневна екскурзија месец Мај

ЛОКАЦИИ НА ПОСЕТА И ПРАВЦИ НА ПАТУВАЊЕ:

  • Во текот на екскурзијата ќе се посетат градот Тетово, тетовското кале, Шарена џамија во Тетово и с. Брвеница тетовско.
  • Тргнување од Градско во 08.00 часот, пристигнување во Тетово во 10.00 часот. Од 10.00 часот до 12.00 часот во Тетово, со посета на центарот на градот, Шарена џамија и тетовското кале Посета на фабриката (доколку не примат) во фабриката Тетекс – Тетово. Тргнување од  тетово за Брвеница во 13.00 часот. Разгледување на с. Брвеница. Тргнување за Градско во попладневните часови.

ТЕХНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА:

  • Превоз преку туристичка агенција, со автобус, која ги задоволува законските нормативи за превоз на ученици

НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ:

  • Самофинасирање од страна на учениците

 

За Систем Администратор

Провери

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО “ООУ ДАМЕ ГРУЕВ” ГРАДСКО

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО “ООУ ДАМЕ ГРУЕВ” ГРАДСКО Предавање за сите вработени …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *