Денес во нашето училиште согласно насоките од Министерство за образование и наука, за планот на активности за имплементација на Националната платформа за учење на далечина, започна дисеминација на претстојните обуки кои ќе траат од 21-23.9.2020г. Дисеминацијата беше спроведена од страна на училишните обучувачи Милка Петкова, Дамијан Манев, Маре Аризанова-заменски обучувач (секундарно ниво на обучувачи) кои беа номинирани од страна на училиштето, и кои посетуваа обука од сертифицирани национални обучувачи (примарно ниво на обучувачи).




