Денес пристигнаа дипломите и медалите за освоено второ и трето место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик, оддржан на 22.05.2021 година. Во конкуренција на ученици од речиси сите европски држави, нашите ученици освоија 2 втори места ( сребро): Мелани Милосављевиќ под менторство на наставничката по англиски јазик Минела Фиуљанин- Мустафиќ и Ал Дино Хот под менторство на наставничката Милка Петкова, како и две трети места ( бронза) за учениците Надја Лазова и Иван Трендафилов под менторство на наставничката Милка Петкова.Им честитаме на учениците и им посакуваме успех и во иднина!








