Дома / Uncategorized / Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2021/2022!

Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2021/2022!

Право на учество имаат ученици од деветто оделение кои ги исполнуваат следниве услови:

📌 Да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него.

📌Да имаат континуиран одличен успех.

📌Да имаат учествувано на училишни натпревари (интерни- училишни, општински, регионални, државни, меѓународни)

📌 Да имаат освоено награди, дипломи, признанија, благодарници.

📌Активно да учествуваат во слободни ученички активности, во воннаставни активности, како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто.

‼️Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај своите класни раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.

‼️Потребните документи да се достават електронски на следниот е-mail damegruev.pps@yahoo.com најдоцна до 03.06.2022.

Документите да содржат:

🔺️Пријава до комисијата

🔺️Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

🔺️ Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите документи и според правилникот на училиштето за бодување, ќе состави кандидатска листа за избор на ученик-првенец на генерација.

➡️Наставничкиот Совет, на крајот од учебната година, ќе го прогласи ученикот-првенец на генерација.

http://damegruevgradsko.mk/wp-content/uploads/2021/06/Prijava-prvenec-na-generacija-2021.pdf?fbclid=IwAR35tLFfq-c-8M98OmuUyIWpDBnQ2omB8CJ5HQI6lz7Qc3nbjltKQSiKczI

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *