Дома / Новости / ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ НА ТЕМА – „ПОЗИТИВЕН ОДНОС СО ДЕЦАТА“

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ НА ТЕМА – „ПОЗИТИВЕН ОДНОС СО ДЕЦАТА“

Датум: 16-08-2018: 17-10-2018; 03-11-2018
Место: Сала за седница на Совет на Општина Градско
Учесници: Родители со своите деца со инвалидност
Модератор Далиборка Златева
Цели: Спроведување на ефективна и ефикасна инклузија во воспитно-образовниот процес Обезбедување на квалитетни сервисни служби за лицата со попреченост Зголемување на вклученоста на лицата со попреченост во спортски активности Обезбедување на физички пристап за лицата со попреченост во општина Градско
Опис на активностите На 16-08-2018: 17-10-2018; 03-11-2018 во просториите на Салата за седница на Совет на Општина Градско се одржа работилница на тема: „Предлог стратегија за лица со инвалидност- ЛАПЛИ за општина Градско“ Работилницата ја планираше, организираше и спроведе модераторот на проектот Далиборка Златева . Имплементатор на проектот е „Здружение на лица со церебрална парализа- Велес во партнерство со Центар за развој на Вардарски Плански Регион, Општина Градско, невладини организации и институции кои делуваат на локално ниво во оваа општина. Крајна цел е создавање на стратегија ЛАПЛИ, по предлог на Градоначалникот, а препознаена и одобрена од Советот на Општина Градско, која ќе влезе во буџетската рамка на општината. ЛАПЛИ е стратегија во полза на жителите со посебни потреби на Општина Градско, но и инструмент кој ќе ја зајакне соработката помеѓу општинските власти,жителите, институциите, бизнис секторот и т.н Во Општина Градско во рамки на овој проект се одржаа три работилници во месеците август, септември и ноември. Работилниците ги организираше и водеше Здружение на лица со церебрална парализа- Велес. На работилниците беа поканети и присуствуваа жители од Општина Градско, лица со посебни потреби и нивни родители како најзасегнати страни. Присуствуваа преставници од областа на културата, администрацијата, Советот на Општината, образованието и други членови кои пројавија интерес и доблест да бидат дел од ова општествено прашање. На првите две работилници работната група беше запознаена со целите на проектот и насоките за идните активности. Спроведовме SWOT анализа преку која добивме појасна слика за потребите на локалното население, но и реалните можности за идно дејствување на локалните власти и останатите граѓани во насока на подобрување на условите за живеење и функционирање на лицата со посеби потреби на територијата на Општина Градско. Третата работилница ја водеше Африм Илјази, кој има долгогодишно искуство во изработката на овој инструмент. Неговата експертиза придонесе да истакнеме реални и остварливи цели и активности кои се предвидени во овој документ со што очекувањата на месното население од Локалната самоуправа во иднина би биле во правец на реална соработка и конструктивна комуникација. Присутните на трите работилници како приоритени области на работење во насока на подобрување на целокупниот живот на лицата со посебни потреби, а со тоа и приближување на Општина Градско до посовремено и похумано општествено работење, ги истакнаа следните области: 1. Јавна свест 2. Пристапност 3. Образование и култура 4. Услуги за поддршка – социјални сервисни служби 5. Медицински услуги, рехабилитација и спорт Секоја област детално е разработена преку поставени цели и активности во насока на прилагодување на физичката и социјалнта средина кон потребите на лицата со посебни потреби, а водено и изнаоѓање механизми за непречена комуникација и учество на оваа категорија граѓани во општественото живеење под еднакви можности за пристап и делување.

За Систем Администратор

Провери

Хуманоста пред сè!

Учениците од нашето училиште кои се членови во Драмската секција на ден 21.3.2024 година во …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *