Дома / Новости / Априлијада 2023

Априлијада 2023

➡️По направена ретроспектива на денот кој поминал сфаќаме дека не постои ништо повредно од детската искрена насмевка, ведрина и позитивна енергија.

🌈Во пресрет на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден што децата со нетрпение го чекаат цела година, денеска се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени,војници, шизици, невести, пејачки, уметници, полицајци, пеперутки, пчелички….и уште мнооогу други интересни и креативни маски🎭

🌈И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја многуте ликови од детските приказни, од бајките, херои од стрипови…

🌈Дел од веселата атмосфера и дефилето под маски во училишните дворови исполнета со многу смеа, песна и детски џагор беше и нашиот познат шоумен Марко Новески, кој и оваа година не го криеше воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето на учениците во ликовите на своите омилени јунаци.

🌈Истотака нашата априлијада беше разубавена и развеселена со интересните и креативни игри и перформаси на дечките од Funimation Entertainment.

❤️Денес видовме еден куп среќа

‼️❤️Денес победници немаше, но детската насмевка, радост, креативност ќе бидат нашиот најголем мотив за понатамошно повторно организирање на вакви настани.

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *