ЛИЧНА КАРТА
Основни податоци за училиштето
 
Покрај Вардар во мала котлина, некаде во срцето на Македонија, каде со смртоносен оган се пречекувале многу туѓи војски и интереси, израсна Градско. Се наоѓа на десната страна на реката Вардар, допирајќи ги источните падини на планината Клепа. Има голема стратешка важност бидејќи магистралниот пат го поврзува со Скопје, Солун и на запад Битола, со Охрид и понатаму со Албанија, а на исток со целиот источен дел на Македонија.
 
Неговото име се сретнува во турските документи од 1528 година. Оваа населба попозната е по изградбата на железничката пруга Скопје – Солин. Оттогаш всушност почнува развојот на Градско. Во близина на Градско се наоѓа археолошкиот локалитет Стоби кој е еден од најзначајните културно – историски споменици во Македонија.
 
Друг културно- историски споменик е и манастирот во Горно Чичево.
 
Според урбанистичкиот план општина Градско опфаќа површина од 38 хектари каде што живеат повеќе од 3000 жители.Според демографските карактеристики, населението после Втората светска војна е во постојан пораст. Според инфраструктурните карактеристики во населеното место градско развиена е патна, водоводна, канализациска, електро и телекомуникациска мрежа. Поради добрата местоположба и климатските карактеристики се развиени раноградинарските насади и култури, овоштарство и лозарство со што се занимава и поголем дел од населението. Во истиот тој домен е и дејноста во ,,Вардар 03” Градско. Во околи ната на Градско се наоѓаат и фабриката за сточна храна ,, Жито Вардар” , свињарската фарма во Долно Чичево, млекарата во с. Ногаевци.
 
И    др.Првото училиште во старо Градско е отворено во 1907 год. По иницијатива на селаните од с. Градско, а прв учител бил Лазар Кицов од Велес. Во 1916 год. Германскиот окупатор, кај сегашната железничка станица во Градско изградил поголема зграда. Таа зграда во 1925 год. Станала училиште. Прв учител бил Александар Јеремовиќ, а наставата се изведувала на српски јазик. За време на Втората светска војна наставата се изведувала на Бугарски јазик. По ослободувањето жителите на Градско изградиле ново училиште во кое наставате се изведувала на мајчин јазик. Во 1955-56 год. Во Градско работи вечерна гимназија за трети и четврти клас. На 10 декември 1956 година првпат бил прославен патрониот празник на училиштето – 50 години од смртта на Даме Груев. Таа година бројот на ученици изнесувал 223, а работеа осум паралелки.
 

За ООУ "Даме Груев" Градско

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.