Дома / Новости / Републички натпревар „Млади библиотекари“

Републички натпревар „Млади библиотекари“

На 16.11.2018г. во просториите на Домот на културата во Демир Хисар се одржа традиционалниот републички натпревар „Млади библиотекари“ за учениците од основното образование.Целта на натпреварот е промовирање на љубовта кон книгата како неисцрпен извор на знаење и промовирање на библиотекарството како дел од науката за чување,собирање,промовирање и архивирање на книгите.
Нашето училиште на овој натпревар учествуваше соученичката:Тамара Иванова,која на регионалниот натпревар за „Млади библиотекари“ во Велес го освои првото место.Тамара е ученичка од осмо одделение при нашето централно училиште.

На натпреварот ученичката Тамара Иванова го освои четвртото место.За освоеното четвто место,ученичкатадоби пофалница и книга,а менторот наставничката Лидија Каратулкова доби балгодарница за учество на републичкиот натпревар„Млади библиотекари“.

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *