Им се соопштува на сите ученици при ООУ ,,Даме Груев” Градско дека по повод Светскиот ден без автомобили, на ден 23.9.2019 ( понеделник) нашето училиште ќе го одбележи овој ден со пешачење, возење на велосипед, со тротинет или ролери.
Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста за зачувување на еко системот на нашата планета со намалување на издувните гасови од автомобилите.
Се покануваат сите ученици и вработени во нашето училиште да земат активно учество во оваа активност со тоа што ќе можат со своите велосипеди, тротинети и ролери да дојдат на училиште.
Потребно е учениците да бидат облечени во бели маици.
Почеток: 12 часот пред влезот на ООУ ,,Даме Груев” Градско