Дома / Новости / ИЗВЕШТАЈ OД СПРОВЕДЕНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО за празникот Велигден

ИЗВЕШТАЈ OД СПРОВЕДЕНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО за празникот Велигден

 

Датум: 4.4.2018
Место: ООУ Даме Груев Градско, ПОУ с. Виничани
Организатор

 

Директор, СИТ, предметни наставници при ООУ Даме Груев Градско, ПОУ с. Виничани: координатор на СИТ Милка Димановска, Сашко Арсовски, Ханифија Фиуљанин, Садри Сезалари, Силвана Цветкова, Синан Сијамиќ, Златко Стојковски, Милан Кочовски, Киро Нацков, Оливера Стојановска, Каролина Кирова, Весна Бошкова, Гордана Попова, Сунчица Деспотовска
Учесници:

 

Ученици при ООУ Даме Груев Градско од ПОУ с.Виничани од VI-IX одделение, II-V одделение, ученици при ПОУ с. Водоврати II-IV, и ученици при ПОУ с. Кочилари I-V одделение

родители, роднини и претставници на Локалната самоуправа и бизнис заедница

Цели: ·         Подобрување на соработката и поттикнување на меѓусебното другарување меѓу учениците  од различни етнички припадности на иста и блиска возраст

·         Почитување на различностите меѓу луѓето и развивање на толеранцијата меѓу учениците.

·         Запознавање со традицијата и културата на македонците за време на еден од најголемите христијански празници -Велигден

·         Пронаоѓање на сличностите помеѓу празникот Велигден и Курбан Бајрам

·         Промовирање на еднаквост, другарство и размена на искуство

Опис на активностите:

 

Пред започнување на големиот празник Велигден, учениците во соработка со наставниците организираа мала велигденска прослава и  хепенинг во ПОУ с. Виничани.

Под менторство на наставниците Силвана Цветкова, Нацков Киро и Каролина Кирова, учениците од IX одделение го украсија просторот со хартиени цветови и бршлен. Летниковците, оградата и Мостот на заедништвото беа украсени за свечената прогода. Први се претставија учениците од VII и VIII одделение под менторство на наставничката по етика на религиите, Оливера Стојановска со краток осврт за значењето и традицијата на празникот Велигден со компарација на елементи со празникот Курбан Бајрам.

Потоа под менторство на наставниците по македонски, англиски, француски јазик беа набројани честитките на македонски, француски, бошњачки, турски и албански  јазик за здравје, благодет во фамилијата за овој празник и група на ученци од VI и VII одделение изработија хамер со овие пораки.

Учениците од VIII и IX одделение работеа на еден групен проект на цртеж на Исус Христос . Овој цртеж беше изработен од две мешани групи од учениците од VIII и IX одделение за да може секоја група да се претстави што научила за значењето на Исус, неговото учење и значењето на симболиката на јагнето. По краткиот осврт на презентираниот материјал, овие ученици се здобија со огромен аплауз.

Потоа следеа спортските игри под менторство на наставникот Златко Стојковски.

Првата игра беше проследена од 2 тима со 4 групи со мешан етнички состав од учениците од ПОУ с. Виничани, Водоврати и Кочилари кои во две вреќи како велигденски зајчиња скокаа до своите другарчиња да пренесат порака во писмо и јајце. Играта траеше додека секој ученик не го помина одредениот пат за скокање и сите ученици покажаа голем ентузијазам за победа.

Во втората игра во два тима по 8 ученици се формираше силна конкуренција за влечење со јаже. Учениците од двата тима го разбраа правилото до која граница треба да премине велигденското јајце на одредената таргетна линија за победа и беа поддржани од своите другарчиња на трибината.

Третата игра беше наменета за сите ученици од ПОУ с. Водоврати, Кочилари и дел од учениците од одделенска настава при ПОУ с. Виничани. Во претходна организација на учениците од предметна настава и наставничката Сунчица Деспотовска мултифункционалното игралиште беше пренаменето во простор за играта Лов на велигденски јајца. Учениците обезбедија бали со сено, направија гнезда, изработија хартиени зајачки стапалки, моркови и јајца од хартија ги декорираа и го организираа патот до велигденското чоколадно зајче. Идеата на оваа игра е дружење и следење на насоки кои се запишани на самите зајачки стапалки, моркови и јајца. Ученикот кој беше најбрз и кој најде најмногу велигденски чоколадни јајца беше Јованче Стојменов од второ одделение при ПОУ с. Виничани.

Додека траеше малата свечена пригода и спортските игри, учениицте од VI до IX  одделение се погрижија за аранжирање на велигденската трпеза која беше составена од традиционални велигденски јадења, но и традиционални јадења од бошњачката, турската и албанската кујна.

Учениците од II-V одделение под менторство на настаничките Весна Бошкова и Гордана Попова го реализираа Велигденскиот хепенинг на кој присуствуваа многу родители и роднини на учениците од одделенска и предметна настава.

На големо изненадување на учениците и присутните беа гостите кои пристигнаа од Турција за да ги посетат своите фамилијарни огништа по кажувањата на нивните родители.  Луѓето беа изненадени од настанот, укасувањето на просторот и изложената храна и пригодно беа пречекани од најмалите учениици и поканети на хепенингот за да купат изработки. Целокупната атмосфера беше прекрасна, сите активности течеа хармонично и сите ученици учествуваа заеднички и се запознаа подобро меѓусебно.

 

Подготвил:

Координатор за ПМИО

Милка Димановска

 

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *