Дома / Новости / ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ НА ТЕМА – „ПОЗИТИВЕН ОДНОС СО ДЕЦАТА“

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ НА ТЕМА – „ПОЗИТИВЕН ОДНОС СО ДЕЦАТА“

Датум: 25.01.2019 година.
Место: Градско
Учесници: Родители и ученици од 4а и 4б одделение
Предавачи – реализатори Координатор: наставник Маре Аризанова Асистенти: наставник Ибро Фиуњанин и психолог Мартин Велинов
Цели:
Целта на работилницата е да им помогне на возрасните подобро да ги разберат важноста и улогата на родителството во услови на современото живеење. Да се изгради стратегија за позитивното однесување Јасно да се дефинираат границите и очекувањата и кај родителите и кај децата Се посветува внимание на квалитетот на процесот на растење и развивање на детето и условите за остварување на детските права, што придонесува за заштита на детето од занемарување и злоупотреба. Родителите да стекнат знаења за можностите, потребите и спецификите на детето низ развојните фази во процесот на растење и развивање. Да се разгледаат позитивните примери од однос помеѓу родителите и децата Да се потсeтиме на позитивното искуство од минатото како би го подобрување сегашниот живот Откривање на својот тип на родител Поттикнување на позитивни разбирање на децата Правилно манифестирање на своите чувства Негување и прифаќање на позитивните примери и ситуации Искажување на љубовта и почитта кон другите на прифатлив и позитивен начин Заедничко дружење на наставниците,учениците и родителите Споделување на проблеми,размислувања и заклучоци. Градење на доверба, разбирање и почит помеѓу наставниците, учениците и родителите


На 25.01.2019г. со почеток во 16:00 часот во просториите на ООУ,, Даме Груев ,, во Градско се одржа работилница на тема „ Позитивен однос со децата“ на која учествуваа родители од 4а и 4б одделение од Градско. Работилницата ја планираше, организираше и спроведе одделенскиот наставник Маре Аризанова со помош на училишниот психолог Мартин Велинов и одд.наставник Ибро Фиуњанин. Вежба бр.1 Родителите на почетокот имаа задача да запишат на анкетен лист колку време поминуваат со своите деца и дали мислат дека тоа време е доволно. Истата задача ја имаа и учениците . И тие се изјаснија за времето поминато со своите родители како и за споделувањето на емоцииите во семејството Потоа следеше дискусија за емоционалноста и размислувањата на децата на таа тема.



По презентирањето на четирите методи за постигнување позитивен однос кон децата Метод бр.1 НАСОЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА, НЕ ГИ КАЗНУВАЈТЕ Метод бр.2 НАСОЧЕТЕ СЕ КОН ОНА ШТО Е ПОЗИТИВНО МЕТОД БР.3 БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ МЕТОД БР.4 БИДЕТЕ ДОСЛЕДНИ
Опис на активностите:   Вежба бр.2 За учениците- Би го наградила моето дете со … кога тоа би …. За родителите – Родителите би ме наградиле со … кога јас би … Се спроведе работа во парови каде секој пар рпдител-дете требаше индивидуално да го пополни барањето а потоа да се споредат размислувањата и да се дојде до заклучок колку родителите ги познаваат желбите и очекувањата на своите деца . Секој пар прво разменуваа мисли меѓу себно а потоа со презентирање пред останатите ги споделија размислувањата(заеднички и различни) и заклучокот на тандемот по основ на поставениот проблем. Се дојде до заклучок дека децата и родителите размислуваат на слична фреквенција . Вежба бр.3 Непродуктивна техника наспроти Tехника на љубов и разбирање. Им беше презентирана презентација со содржини од искази кои треба да се класифицираат во две групи како Непродуктивна техника или Tехника на љубов и разбирање . Имаа работна задача секој родител со своето дете да ги залепи исказите каде што мисли дека припаѓа исказот. По завршената задача требаше да ја проверат точноста според слајдот со точни одговори. На крајот од работилницата секој учесник доби задача:
родителите да ги следат своите деца во следните сегменти: Има пријатели и добро се согласува со останатите деца; Множе да се концентрира и да го насочи своето внимание ; Има релативно стабилен режим на исхрана и спиење; Покажува прифатлив интерес и напредок во училиште ; Задоволен/задоволна е барем малку од сите аспекти на животот –семејството , пријателите , училиштето, физичкиот изглед; Не е разочаран или лут поради помали несогласувања и неугодности; Неговиот/нејзиниот страв е прифатлив и не е претеран; Покажува почитување спрема другите луѓе; Има хоби и ужива во различни активности ;
Децата треба да го следат своето организирање на времето: Станав во … Учев (читав) . од … до… Играв од… до… Си играв со … Денес јадев … Во домот го сработив следното… Надвор од домот го сработив следното… Денес среќен ме направи .. За утре планирам да… Си легнав во…

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *