Дома / Новости / Доделување лаптопи на учениците од четврто одделение

Доделување лаптопи на учениците од четврто одделение

Нашата цел е квалитетно и модерно, но пред се ефикасно и ефективно образование. Да се држи чекор со времето е неопходно, но и одговорно делување, следење на сите насоки и почитување на сите одлуки што ги носи современото образование. Еден од овие предизвици е секако дигитализацијата на наставата. Првиот чекор е дигиталните учебници за нашите 29 четвртоодделенци. За да може да ги користат нашите ученици неопходно е да поседуваат електронски уреди. Нашето училиште за сите четвртоодделенци обезбеди квалитетни уреди, обезбеди лаптопи, на кои ќе бидат поставени сите потребни учебници и наставни материјали. Нека им е со среќа, нека нижат успеси и нека одат напред. Се надевам идната учебна година бројот на ученици кои ќе користат дигитални учебници ќе биде барем двојно поголем, а ние сме тука да набавиме уште апарати се додека сите ученици не ги обезбедиме со дигитални помагала.

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *