Дома / Новости / ПОНУДА ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО ДЕТСКОТО ОДМАРАЛИШТЕ „МИХАЈЛОВО“

ПОНУДА ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО ДЕТСКОТО ОДМАРАЛИШТЕ „МИХАЈЛОВО“

Oдмаралиштето Михајлово исто како и минатата година и оваа 2016 организира летување за деца до 14 години придружувани од своите професори и ментори. Објектот се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри на падините на Кожуф планина и е оддалечен 38 километри од Кавадарци. Локалитетот нуди богата природа и уредени шумски патеки за пешачење, спортски игралишта за рекреација и спортување.
Содржини :
– Располагаме со 150 легла распоредени во 1/4 и 1/6 соби.
– За носителите на групата (наставниците) имаме 12 легла распоредени во 6 соби
– Широкопојасен сателитски интернет и кабелска тв
– Занимална за рекреација и наставни програми, опремени со ТВ и прожектор.
– Ресторан со 100 стола, тераса со 120 стола и кујна со HACCP стандард
– Амбуланта со пропратна медицинска опрема, амбулантно возило и доктор 24 часа.
– Аниматор задолжен за забава на летувалците
– Спортско-рекреативни игралишта за фудбал, кошарка и ракомет со рефлектори.
– Катче за забава со пинг понг маси, осветлено за вечерните часови.
– Лулашки за помладите генерации ученици, осветлено за вечерните часови
– Киоск со сладолед, грицки и сокови по достапни цени.
– Место за организирање на логорски оган
Напомена: Сите соджини со кои располага одморалиштето се ставени на располагање на летувалците.
Цената за 7 полни пансиони (доручек, ручек, ужина и вечера), изнесува 6.000 денари со вклучен данок на 6 рати.
Превозот е вклучен во цената.
Мени за деца
Појадок
1.Шунка и кашкавал, чај, млеко, леб
2.Еурокрем, чај, млеко, леб
3.Пржени лепчиња и сирење
4.Путер и мармалад, чај, млеко, леб
5.Варено јајце, виршла, зденка, чај, млеко, леб
6. Пишии (Мекици) и сирење
7. Еурокрем, чај, млеко, леб

Ручек
1.Пилешки стек и пире, салата, супа, леб
2.Риба со пекарски компир, супа, салата, леб
3.Свински ражниќ со зеленчук и помфрит, салата, супа, леб
4.Грав со колбас на скара, салата, леб
5.Плескавица, помфрит, салата, супа, леб
6. Пилешки батак и ориз, салата, супа, леб
7.Свинско месо со сос од печурки и пире, салата, леб

Вечера
1.Макарони и сирење, кечап, јогурт
2.Омлет
3.Панцероти
4.Шпагети и сирење, кечап
5.Цела пица капричоза
6. Пржени пиперки, шунка, зденка и домат
7.Хамбургер на логорски оган

Ужина
Пудинг, Сутлиаш, Овошје, Кроасаn

СМЕНИ
Од До
15.06.2016 22.06.2016
22.06.2016 29.06.2016
29.06.2016 06.07.2016
06.07.2016 13.07.2016
13.07.2016 20.07.2016
20.07.2016 27.07.2016
27.07.2016 03.08.2016
03.08.2016 10.08.2016
10.08.2016 17.08.2016

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *