Дома / Соопштенија / СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование  ( Сл.весник на РСМ  бр.161 од 5.8.2019 година) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба (Сл.весник на РСМ бр.116 од 05.05.2020 година), ООУ Даме Груев“ Градско, издава

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

За запишување на деца во прво одделение  деветгодишно основно образование за учебната 2020-2021 им  се соопштува на сите  родители – старатели дека  ООУ ,,Даме Груев“  Градско  ќе започне со запишување  на ученици во прво одделение  деветгодишно основно образование  за учебната 2020-2021 година почнувајки  од 01.06.2020год и ќе трае до 30.6.2020год.

Во прво одделение во учебната 2020/2021 година се запишуваат сите деца кои до крајот  на календарската 2020 година ќе наполнат шест години (деца родени до 31.12.2014година)

 Во прво одделение може да се запишат и децата кои ќе наполнат шест години до 31.01.2021 година  (деца родени до 31.01.2015 год), по претходно барање на родителот/старателот  и добиено мислење од педагогот во училиштето .

Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот , здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште. Децата кои не се психофизички зрели привремено се ослободуваат од обврската за посетување на настава.

За запишувањето на децата во  прво одделение  се потребни следниве документи :

1.Извод од матичната книга на родените;

Извод од матичната книга на родените се добива од матичната служба во местото каде е родено детето ( оригинал ) ;

2.Потврда за примени задолжителни вакцини ;

Потврда за примените задолжителни вакцини за детето се  добива од надлежната здравствена установа.

3.Потврда за систематски преглед на оралната празнина ;

–  Потврда за систематски преглед на оралната празнина се добива од Службата за превентива детска стоматологија ЈЗУ Здравствен дом Велес.

При запишувањето на дете со попреченост во прво одделение, родителот е должен да достави и мислење од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Согласно препораките на Владата на РСМ за заштита од COVID – 19, во известувањата кои ќе ги добиете на домашна адреса за упис на вашето дете, ќе добиете и термин на кој што ќе треба да се јавите за да биде извршена опсервација од страна на комисијата за упис на првачиња, доколку не сте во можност да дојдете во тој термин ќе треба да се јавите на приложениот телефонски број и да си закажете нов термин.

Уписот ќе се врши во канцеларијата на педагошко–психолошката служба при ООУ,,Даме Груев “ Градско.

Обврска на секој родител е навремено да го запише своето дете во прво одделение  во предвидениот законски рок и е одговорен за негово редовно посетување на училиштето.

Родителите при уписот на своите деца  треба да понесат и лични карти од двајцата родители/старатели( мајката и таткото)

ООУ „ Даме Груев “ Градско 

 Педагог                       Директор
Јовановска Вања                                Ленче Стојанова                                                 

За Систем Администратор

Провери

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година

Линк до конкурсот за запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2020/ 2021 …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *