вторник , март 19 2019
Дома / Новости / Соопштение: Денот на пролетта и Денот на екологијата

Соопштение: Денот на пролетта и Денот на екологијата

Им се соопштува на сите ученици,наставници,технички персонал и на пошироката јавност дека на ден 21.3.2019 год.(четврток),во 11.30 часот,во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“,нашите ученици кои се членови на Еко-одборот,ќе се претстават со кратката пиеса „Еко свет-еко патрола“.

Повод за оваа еко-активност на нашиот одбор е одбележувањето на  Денот на пролетта и Денот на екологијата.

Оваа година овие значајни датуми за екологијата имаат мото:

„Аке не можеме да го подобриме светот на живеење барем да го оставиме онаков каков што сме го затекнале“.Целта на оваа изведба е да се „разбудиме и освестиме“ да не ја уништуваме средината во која живееме и функционираме.

Затоа Ве покануваме сите кои сакате да присуствувате на овој настан во четврток и заедно да ги проследиме изведбите на учениците од Еко-одборот,останатите ученици и наставници.

                                                                                Со почит,

                                                                               Еко-одбор

За webadmin

Провери

Извештај од одржаниот Општински натпревар по Биологија и Природни науки

На Општинскиот натпревар по Биологија и Природни науки кој се одржа на 23.02.2019 год.учениците ги …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *