Дома / Новости / Соопштение во врска со светскиот ден без автомобили

Соопштение во врска со светскиот ден без автомобили

Им се соопштува на сите ученици при ООУ ,,Даме Груев” Градско дека по повод Светскиот ден без автомобили, на ден 23.9.2019 ( понеделник) нашето училиште ќе го одбележи овој ден со пешачење, возење на велосипед, со тротинет или ролери.

Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста за зачувување на еко системот на нашата планета со намалување на издувните гасови од автомобилите.
Се покануваат сите ученици и вработени во нашето училиште да земат активно учество во оваа активност со тоа што ќе можат со своите велосипеди, тротинети и ролери да дојдат на училиште.
Потребно е учениците да бидат облечени во бели маици.

Почеток: 12 часот пред влезот на ООУ ,,Даме Груев” Градско

За Систем Администратор

Провери

Дводневна обука на наставниот кадар на тема „Учење преку истражување, работа на проекти и решавање на проблеми“.

Професионалниот развој на наставниот кадар е многу важен за унапредување на целокупниот воспитно – образовен …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *