Дома / Е-НАСТАВА / 7 - МО ОДДЕЛЕНИЕ / ИСТОРИЈА ЗА 7 МО ОДД. / Положбата на Охридската архиепископија во Османлиската држава

Положбата на Охридската архиепископија во Османлиската држава

Активности за периодот од: 04.05-08.05

Цели за учениците:

  • Охридсктата архиепископија и нејзината  положба под османлиска власт
  • Менувањето на ставот од страна на Турските власти спрема Охридската архиепископија
  • Каков јазик се негувал во македонските цркви и манастири
  • Блиските врски со другите цркви од Европа
  • Причините за укинувањето на Охридската Архиепископија
Плаошник

Со освојувањата на Османлиите на балканот, автокефалноста на Охридската архиепископија била нарушена. Таа постојано била потиснувана од страна на Цариградската патријаршија. Во XV век црквата Св. Софија во Охрид (тогашното седиште на Охридската архиепископија), била претворена во џамија. Архиепископското седиште било префрлено во Климентовиот манастир Св. Пантелејмон, но по нејзиното претворање во џамија, седиштето на Охридската архиепископија било преместено во Св. Богородица Перивлепта. Многу други цркви во Македонија била претворени во џамии во тој период

Света Софија – Охрид

Цариградската патријаршија постојано вршела притисок врз Охридската Архиепископија најтојувајќи да ја има целосната контрола над неа. Со поставувањето на Цариградски патријарх во Костурската, Струмичката и други македонски епархии, односите уште повеќе се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки архиепископ. По неговото протерување на престолот дошол митрополитот Арсениј. Со разни интриги, Цариградската патријаршија извршила голем притисок врз Охридската архиепископија, па таа во 1767 годинна на 16 Јануари, била укината. Митрополитот Арсениј бил принуден да потпише „доброволна“ оставка.

Богородица Перивлепта – Охрид

За домашно

1. Каде ги проширила своите надлежности Охридската архиепископија  по потпаѓањето на Македонија по д османлиска власт

2. Во што ги преобраназувале црквите и манастирите турските власти

3.Со кои цркви одржувала блиски контакти од Европа

4. Кога и зошто била укината  афтокефалноста на Охридската Архиепископија

5. Зошто велиме дека црквата останала верен чувар на христијанството и заштитник на македонскиот народ ( објасни )

Одговорите испратете ги на nackovkiro@gmail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Teматско повторување

Активности за периодот од: 18.05-22.05 Цели: Утврдување на веќе стекнатите знаења За домашно 1. Кои …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.