вторник , август 20 2019
Дома / Новости / ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИИ

ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИИ

ООУ,,Даме Груев,,Градско – како договорен орган, со адреса на Ул.Маршал Тито бр.68 Градско, телефон за контакт 043/251-023 и 076/457-707, електронска пошта damegruevgradsko@yahoo.com има потреба од набавка на услуги: ученички екскурзии на учениците од 3, 6 и 9 одделение, и ученички излети за учениците од 2, 4 5, 7 и 8 одделение во ООУ,,Даме Груев,,Градско.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка со барање на прибирање понуди преку објавување на јавен оглас во дневен печат согласно член 17 став 1 од Правилникот за начинот на изведување на ученички ексурзии и слободни активности на учениците од основните училишта донесен од надлежното Министерсто за образование и наука Скопје.
Предмет на барањето е Изведување на ученички екскурзии на учениците од 3, 6 и 9 одделение, и ученички излети за учениците од 2, 4 5, 7 и 8 одделение во ООУ,,Даме Груев,,Градско.
Ве молиме да ни доставите Ваша понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 12.04.2019 годинадо 10,00 часот на горенаведената адреса или лично во архивата на училишто.
Во прилог на оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Ве молиме при изготвување на Вашата понуда да ги користите оригиналните обрасци кои се составен дел на тендерската документација.


Однапред благодариме на соработката.

Подолу е прикачена потребната документација која може да ја превземете.

За webadmin

Провери

Извештај од Државниот натпревар на клубовите на млади техничари и природници кои се одржа на ден 06 Април 2019

Од Државен натпревар на клубовите на млади техничари и природници кои  се одржа на ден …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *