Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, но и во пресрет на патрониот празник на нашето училиште, денес првачињата беа пријатно изненадени со донација на новогодишни пакетчиња од нашиот сограѓанин Лазар Рибарски. ‘Лазар Лаки Рибарски
Атмосферата беше надополнета со веселиот Дедо Мраз, кој на присутните дечиња им раскажа необична новогодишна приказна. Нема ништо поубаво од чиста насмевка и воздишки од среќа на детските лица.
Во знак на благодарност, чичко Лаки си доби многу искрени прегратки.








