Дома / Е-НАСТАВА / 8 - МО ОДДЕЛЕНИЕ / ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 8 МО ОДД. / Нашата држава и меѓународните организации

Нашата држава и меѓународните организации

Цели на часот – Учениците да знаат за важноста на соработката меѓу државите во светот,а со тоа и на нашата земја Македонија со останатите држави во светот.

Меѓународните организации ги промовираат и
ги штитат човековите права. На пример, со приклучувањето на на-
шата држава како членка на Советот на Европа, на граѓаните им е
овозможено да поднесат тужба поради повреда на некое право кое
произлегува од Европската конвенција за човекови права пред Ев-
ропскиот суд за човекови права како орган на Советот на Европа.

Меѓународни организации фокусирани на
хуманитарна помош и соработка, како на пример Црвениот крст во
нашата држава, кој во 1995 година стана полноправен член на Меѓу-
народната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во 1979 година било одлучено од УНЕСКО дека Охридското
Езеро ќе влезе во категоријата „Светското наследство на
УНЕСКО“ како легално заштитена област, најстарото езеро
на светот и едно од најдлабоките во светот, кој е дом на
преку 200 ендемски видови.

За домашно

-Истражете кои претставништва на меѓународни организации се
наоѓаат во нашата држава. Потоа изберете
една од овие организации и истражете кои активности ги спровеле
во изминатата година.

Одговорите пратете ги на nackovkiro@mail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Општеството и државата

Цели за учениците : 1.Што е тоа држава? 2.Што се тоа институции на државата? 3.Кои …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.