Дома / Новости / Литературен конкурс-„Месец на книгата“

Литературен конкурс-„Месец на книгата“

Драги ученици!!!

Од 15 Октомври до 15 Ноември се одржува манифестацијата „Месец на книгата“.

Оваа манифестација е наменета за сите љубители на книгите и на убавиот пишан збор.Знаеме дека книгите се извор на сите мудрости на светот.Тие се неограничено богаство на знаење!

Во нашето училиште оваа манифестација е традиоционална и на сите ви е позната.Мислам дека сите ученици кои се љубители на убавиот збор сакаат да учествуваат на оваа манифестација и да го искажат својот талент за убаво пишување!

За жал,оваа година оваа манифестација ќе се одржи преку електронските медиуми( меил адреса) поради светската пандемија со COVID-19.

Оваа година ќе има само литературен конкурс за сите ученици од второ до деветто одделение.

Темите за литературниот конкурс се:

   -за учениците од II одделение до  V одделение гласи:

    -„Мојата училница “.

Учениците треба своите лични творби да ги потпишат со шифра која сами ќе си ја смислат.Учениците своите творби да ги испратат на училишната меил адреса:

damegruev.pps@yahoo.com  до 15 Ноември 2020 година.

-За учениците од VI одделение до IX одделение темата за литературниот конкурс е:

  -„Мојот виртуелен свет“.

Учениците треба своите лични творби да ги потпишат со шифра која сами ќе си ја смислат.Учениците своите творби да ги испратат на училишната меил адреса:

damegruev.pps@yahoo.com до 15 Ноември 2020 година.

 -Како секоја година,така се надевам и оваа година,наградени ќе бидат три творби од учениците од II одделение до  V одделение и три творби од VI одделение до IX одделение.За резултатите од литературниот конкурс ќе бидете навремено информирани.

Се надевам дека ќе учествувате во голем број!

Поздрав !

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Мултикултурни работилници по повод Патрониот празник

Денес, 20.12.2021 ( понеделник) по повод одбележување на Партониот празник на ООУ ,,Даме Груев” , …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *