Од 15 Октомври до 15 Ноември во нашето училиште се одбележа месецот на книгата.Оваа манифестација стана веќе традиција во нашето училиште и се одржува веќе седма година. Како и секоја година и оваа година се одржа и литературниот и ликовниот конкурс на тема: „ Моето добро дело“ за учениците од второ до петто одделение и „Хуманоста не познава граници“ за учениците од шесто до деветто одделение.За литературниот конкурс имаше доставено 30-тина состави и дваесетина цртежи за ликовниот конкурс. Наградени ученици од литературниот конкурс се: -за учениците од шесто до деветто одделение: 1-то место го освои ученичката од деветто одделение АНГЕЛА НАСТОВА; 2-то место го освои ученичката од шесто одделение СТЕФАНИЈА КУЗМАНОВА; 3-то место го освои ученичката од седмо одделение ДРАГАНА ЉОМОВА. -Наградени ученици за литературниот конкурс за учениците од второ до петто одделение се: 1-то место го освои ученичката МАРИЈА БУДИМОВА од трето одделение; 2-то место го освои ученичката ГАБРИЕЛА МАРКОВА од четврто одделение; -3-то место го освои ученикот КОНСТАДИН ЛАЗОВ од трето одделение. -Наградени ученици за ликовниот конкурс за учениците од второ до деветто одделение се: 1-то место го освои ученичката МАРИЈА БЕШОВСКА од трето одделение; 2-то место ученичката АНАСТАСИЈА КАВАЗОВА од второ одделение ; 3-то место го освои ученикот ДАВИД ТОШЕВ од трето одделение. Награденитеученици добија соодветни награди(книги-лектири и прибор за цртање) и дипломи заучеството и освоеното место на месецот на книгата. |
Провери
Резултаи од општински натпревар по Англиски јазик
На општинскиот натпревар по Англиски јазик, кој што се одржа во училиштето Васил Главинов во …